Томовски имаше лоша ноќ, но Лудвигсхафен освои важни бодови

Лудвигсхафен ја запиша втората победа по ред во германската Бундеслига откако вечерва беше подобар од Есен со 29-27.

Македонскиот голман Мартин Томовски имаше лоша ноќ на голот на Лудвигсхафен, кој на полувремето губеше со 13-16, но до крајот на мечот направи целосен пресврт и освои важни бодови во борбата за опстанок, па сега е на еден бод од место кое е надвор од зоната за испаѓање.

Томовски имаше само четири интервенции за Лудвигсхафен од 20 удари кон неговиот гол.