Стоилов: Одиме на победа по долго време, заедно со нашата публика!
Капитенот на екипата, Стојанче Стоилов најави дека ќе одат на победа по долго време, а се надева дека ќе добијат помош и од публиката во СЦ „Јане Сандански“.
„Тренерот кажа сѐ. Играме против Мешков, во првото коло одигравме чуден меч што можевме да го добиеме и да го загубиме, а реми можеби беше најреално. Нѐ чекаат три меча во серија, но важен е Мешков Брест, дома пред публика после долго време. Имаме двајца нови играчи, а немаме доволно време. Се случувало и порано, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе одиграме најдобро што можеме и ќе победиме заедно со публиката“, вели Стоилов.