Швеѓаните беснеат: Николов и Начевски ни го украдоа европското финале (ФОТО+ВИДЕО)
Шведските медиуми по средбата фрлаат со „дрва и камења“ по македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов поради фактот што го признаа голот на Французите, сметајќи дека противничкиот ракометар ги прекршил правилата и дека тие им го украле финалето. Тие го цитираат членот 15.1 од Интернационалните правила, каде што се опишува една ваква ситуација и каде што се вели дека изведувачот на „слободниот удар“ не смее да ја крене стојната нога додека упатува удар.
Медуимите од Шведска, но и од Данска објавуваат фотографии како доказ на кои се гледа како Пранди прво ја крева десната нога додека финтира, а потоа и левата кога шутира, што според нив не е дозволено. Но, на втората фотографија не се гледа шутерската рака на ракометарот и дали во тој момент тој ја има топката во раката.