Падна европскиот шампион - Данска се враќа во игра

Светскиот и олимписки првак Данска се врати во игра за пласман во полуфиналето на Европското првенство откако денеска го совлада бранителот на титулата Франција со 32-29.

Франција е директен ривал за едно од првите две места на табелата и поради тоа овој триумф добива на значење. Исклучително израмнетиот и возбудлив натпревар беше решен во последните седум минути и тоа откако Данска се најде во негатива од два разлика (24-26).

Следуваше серија од 5-1 на скандинавската селекција, на две минути пред крајот беше 29-27 за Данска која потоа успеа да ја задржи предноста и да дојде до победата. Интересно е тоа што пред конечниот резултат, ниедна селекција немаше предност од три или повеќе гола разлика.

Со оваа победа  Данска се израмни со Франција, Португалија и Норвешка со по два бода, но возбдувањата во оваа пеколна група допрва почнуваат.