Нови 200 билети за Вардар - Барселона пуштени во продажба!

Навивачите на Вардар ќе имаат уште една шанса за да присуствуваат на мечот против Барселона, в недела во 17 часот.

Од клубот информираа дека пуштени се во продажба уште 200 билети за стоење. Откако редовните билети за седиштата во „Јане Сандански“ беа распродадени уште пред натпреварот со Мешков Брест, Вардар сега нуди можност за следење од позициите над трибините. Овие билети чинат по 150 денари и можат да се набават онлајн на „тикетплус“.