Манасков: Вардар ќе биде мотивиран, но верувам во победа!

Веспрем во недела гостува во Скопје каде што ќе се пресмета со европскиот шампион Вардар во СЦ „Јане Сандански“ во 10. коло.

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков ќе заигра против својот поранешен клуб, па кажа дека се надева на триумф.

„Играме многу важен меч во Скопје. Тие загубија неколку меча во претходниот период и ќе бидат дополнително мотивирани. Салата ќе биде исполнета, па ќе биде убаво да се игра во неа. Треба да се сконцентрираме на нас и да дадеме максимум. Ако имаме добар ден, мислам дека може да победиме“, порача Манасков.