Лошо за имиџот на Вардар: Кокшаров по вторпат побегна од новинарите!

Европскиот шампион Вардар доживеа тежок пораз во Лигата на шампиони од Мешков Брест (22-31), па тренерот Едуард Кокшаров повторно реши да не се појави на прес-конференцијата.

Кокшаров реши на прес да го испрати директорот на клубот, Марко Савовски, кој им ја честиташе победата на домаќините.

„Честитики за домаќините за триумфот. Ние игравме добро 50 минути, по што влеговме во проблеми во нападот и одбраната и на крајот загубивме“, порача Савовски.

Вардар по денешниот пораз падна на шестата позиција во групата Б.