Лазаров и Нант пружија нога кон Ф4 во Келн!

Екипата на Кире Лазаров, Нант, на добар начин го искористи фактот што противник во четвртфиналето од Лигата на шампионите му е данското изненадување Скјерн. Тимот кој шокантно го елиминира Веспрем не можеше да го повтори истото издание и во Франција, па загуби од Нант со шест разлика.

Лазаров и другарите славеа со 33-27 си го олеснаа патот до Келн, иако ќе мора да ја сочуваат оваа предност на гостувањето во Данска, за седум дена.

Можат дури и да жалат, бидејќи водството уште по првото полувреме беше 18-12, а во вториот дел континуирано растеше, за да достигне максимални 10 разлика во 45. минута (28-18). Сепак, Скјерн имаше еден добар период, во кој постигна три гола едноподруго и намали на 29-24 и тоа ја симна разликата до крајот, правејќи ја поднослива.

За потсетување, Скјерн во осминафиналето го елиминираше Веспрем совладувајќи го во првиот натпревар токму со седум разлика во Данска (32-25), па иронијата сега сакаше истата победа да му биде неопходна за да го елиминира и Нант.

Кире Лазаров учествуваше во победата со три гола, а најефикасен на мечот беше Давид Балагер со осум. Кај Скјерн Маркус Олсон постигна шест. Порано денеска, Вардар победи на гости кај Кил со 29-28.