Кузмановски го напушта Магдебург и се сели во Хановер? (ФОТО)

Германски „Билд“ пишува дека ракометарот на Магдебург и македонски репрезентативец Филип Кузмановски би можел наскоро да потпише за друг германски тим, односно за Хановер.

Хановер ќе се раздели со ветеранот Мортен Олсен, кој се враќа во татковината, па поради тоа германската екипа бара ракометар, кој би можел да го замени.

Освен Кузмановски, во конкуренција за потпис со Хановер се уште и Миха Зарабец, Сташ Скубе, но според медиумот најмногу шанси имаат да потпшат токму со македонскиот репрезентативец.