Дејвис: Вардар има големи проблеми, но дома секогаш сака да слави!

Унгарски Веспрем ќе има тешка мисија да го совлада ранетиот Вардар во 10. коло од Лигата на шампиони, а поранешниот тренер на женската екипа на „црвено-црните“, Давид Дејвис го најави дуелот.

Дејвис кажа дека Вардар има големи проблеми, но на домашен терен никогаш не се предаваат толку лесно.

„Вардар е шампион во Лигата на шампиони и тие играат дома, каде што освоија најголем број од бодовите. Тие имаат многу повреди, како и останатите, но тие сакаат да победат на домашен терен. Вардар ќе се бори жестоко на мечот. Мислам дека ќе биде исполента салата во Скопје, а тоа ни прави дополнителен проблем. На нас ни требаат бодови за да ја завршиме годината на што е можно подобра позиција во групата“, порача Дејвис.