
Дејан Милосављев во Вардар е – трансфер на сезоната!
Милосављев дојде во јули од Партизан, како 22-годишен талент со намера да биде потпора за Страхиња Милиќ. Но, откако популарниот Џамбо и Вардар тргнаа по посебни патеки, на Милосављев му падна в скут огромна одговорност, но истовремено и шанса да блесне. Тој ја искористи максимални и девет месеци подоцна е прв фаворит за најдобар голман во сезоната во Лигата на шампионите.
„Хендбол планет“ смести уште еден вардарец високо на својата топ-листа со најдобри 25 трансфери. Тоа е Сташ Скубе, кој дојде од Пик Сегед како избркан, а сега е еден од најважните фактори за пласманот на црвено-црните во Келн. Го држи четвртото место на оваа листа, зад Милосављев, Бенјамин Буриќ и Артем Каралек.
На листата е и Глеб Калараш, рускиот пивот на Вардар, кој дојде од Магдебург, а тука се и имињата, кои заминаа во обратна насока, Лука Циндриќ од Вардар во Кјелце и Вања Илиќ од Металург во Ла Риоха.