Атман: Повредата на Криштопанс ни пресуди, сега мора да се фокусираме на Веспрем

Вардар загуби од Мешков Брест со убедливи 22-31 во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампиони, а очигледно најголемо влијание на резултатот имаше повредата на Даинис Криштопанс.

По повредата на Криштопанс, која се случи во текот на второто полувреме, почна падот на „црвено-црните“.

„Бевме добри во првото полувреме, но во второто останавме безз Криштопанс, па тоа нè исфрли од колосек и без него не можевме да направиме ништо. Сега мора да се подготвиме за мечот против Веспрем во Скопје“, порача Павел Атман.

Вардар последниот меч од групната фаза го игра против Веспрем на први декември.