
Алкалоид оди на пеколно гостување во Данска
Ракометарите на Кире Лазаров на минатиот натпревар, кој се одигра во Скопје, беа поразени со 23-31, иако играа солидно, но промашија голем број зицери односно дури пет пенали.
Силкеборг ги казни грешките на македонската екипа, која ќе биде мотивирана на незгодното гостување во Данска каде што ќе ја бара првата победа во групата.
„Бјерингбро/Силкеборг покажа дека е главен фаворит во нашата група, сепак ние ќе одиме во Данска да се надигруваме. Натпреварот треба да ни послужи за да собереме искуство и да го искористиме за предизвиците кои нè очекуваат во иднина“, кажа Лазаров.
Алкалоид во моментов е последен на табелата со само еден освоен бод, додка пред него се Ла Риоха со три, додека Војводина и Силкеборг имаат по четири.