
ЖРК Металург ја растури Стружанка и стана шампион на Македонија
Металург ја прекина доминацијата на Вардарки, кои од сезонава се без шампионските тим од претходните години, па беше јасно дека доаѓа крајот на нивното владеење на македонската сцена.
Стружанка беше достоен противник во првото полувреме, па екипата од Автокоманда имаше предност од само 12-11 на полувреме, но затоа во вторите 30 минути успеаа да стигнат до убедливи 32-18.
ФОТО: ЖРК Металург