Во Радовиш до доцна во ноќта се славеше враќањето во Суперлигата (ВИДЕО)
Победната Радовиш ја обезбеди со голот на Здравко Постолов од слободен удар по истекот на времето, а тој гол донесе голема еуфорија и славје кај навивачката група „Лебари“.
Славјето започна во салата веднаш откако топката заврши во мрежата, но продолжи и на градскиот плоштад во Радовиш каде што ечеше песна до доцна во ноќта.