Вардарец до коска: Михајло купува 1.000 билети за спас на ФК Вардар!
Тој одговорил на акцијата на Комити за спас на ФК Вардар, со купување виртуелни билети, која почна минатата недела.
Михајловски купил 1.000 билети, што ќе рече донирал 100.000 денари за ФК Вардар. И ракометниот Вардар „до вчера“ едвај егзистираше, па дури и сега, кога Михајло го презеде кормилото тешко доаѓа до финансиски партнери, но и покрај тоа неговиот сопственик реши да помогне на клубот од истото спортско семејство.
Овој потег сигурно ќе претставува локомотива за уште донатори за скопската гордост, која вирее во неизвесност веќе некој период. Акцијава со купување виртуелни билети има мисија да собере средства кои би биле доволни преживување на пролетната полусезона.