Пролет издржа едно полувреме, па се распадна против Бутел

Ракометарите на Бутел вечерва беа подобри од Пролет со 23-17 во 10. коло од плејофот во македонската Суперлига.

Бутел имаше добар старт во првото полувреме и водство од 7-3, но Пролет влезе во одлична голгетерска серија и израмни на 8-8, по што се водеше голема битка до крајот на првите 30 минути (10-9).

Пролет се распадна во вториот дел и беше ужасен во нападот, а тоа го искористи Бутел кој триумфира со 23-17.

Најефикасни во тимот на Бутел беа Филип Николов и Димитар Ѓеоргиевски со по пет голови, додека Доне Мајнов запиша пет погодоци за Пролет.

БУтел е на шестата позиција со седум бодови, односно еден повеќе од Пролет.