Пелистер е незапирлив: Кузмановски со 10 гола го уништи Охрид!

Македонскиот шампион Пелистер вечерва славеше на гостувањето кај Охрид со 29-22 во 10. коло од плејофот во Суперлигата и се приближи до одбрана на тронот.

Охрид се обидуваше да му парира на гигантот од Битола во текот на првото полувреме и на паузата замина со три гола негатива (11-14).

Битолчани беа одлични во вториот дел од мечот кога влегоа во одлична серија и стигнаа до +10 (26-16), сепак Охрид до крајот на натпреварот успеа да го ублажи поразот (22-29).

Филип Кузмановски постигна 10 голови за Пелистер, додека Гал Цицар запиша шест погодоци за Охрид.

Пелистер е лидер на табелата со 29 бодови по 10 одиграни меча, односно има два бода повеќе од Вардар.