Калараш: Во Вардар платите веќе не доцнат како порано...

Вардар доживеа целосна реконструкција во текот на летото, при што си заминаа голем дел од поранешните ракометари, но пристигнаа и нови со кои, сепак, „црвено-црните“ не успеаа да ја освојат титулата во регионалната СЕХА-лига, а сега пред нив се предизвиците во ракометната Лига на шампиони.

Европскиот шампион замина во Белорусија, каде што прв ривал во елитното натпреварување ќе има биде Мешков Брест, а пред мечот Глеб Калараш даде интервју за „Хендболфест“, во кое зборуваше дека екипата сега нема финансиски проблеми по доаѓањето на Михајло Михајловски.

„Сега нема финансиски проблеми и сите се исплатени целосно и навреме. Во моментов ситуацијата не е тешка како во претходните години. Во клубот нема скапи играчи, а притоа секаде се намалија условите поради пандемијата на ковид-19“, кажа Калараш.

Калараш зборуваше и за поранешниот газда на „црвено-црните“, Сергеј Самсоненко кој остави големи долгови кон ракометарите.

„При заминување од клубот Сергеј Самсоненко на секој ракометар му остави писмена гаранција дека ќе му ги исплати долговите до крајот на 2020 година. Ние му веруваме и очекуваме да го исполни ветувањето“ , додава ракометарот.

Целото интервју на Калараш за „Брз Центар“ може да го прочитате ТУКА.