Првпат Македонец ќе игра во Египет: Бојан Најденов потпиша за Смуха!

Бојан Најденов, доскорешниот фудбалер на Работнички, потпиша за египетскиот прволигаш Смуха и така стана првиот Македонец кој настапувал во оваа егзотична земја.

26-годишниот играч за врска се сели во Смуха како слободен агент, а египетскиот тим очекува од него да биде главен креатор во нивната игра. Смуха досега ангажираше шест засилувања летово, со што ги нагласува своите амбиции за подобрување на пласманот од минатата сезона, кога го освои петтото место во лигата.

Најденов беше дел од Работнички од 1 јануари 2016 година и забележа педесетина настапи за тимот од Градски парк и успеа да се наметне како еден од најзначните играчи во тимот. Тој летово постигна три гола за Работнички во квалификациите за Лигата на Европа, а своето репрезентативно деби го имаше во 2014 година на пријателскиот натпревар против Кина.