Mиовски по хет-трикот: Куп натпреварите знаат да бидат незгодни, видовме што му се случи на Реал Мадрид
По натпреварот Миовски секако не го криеше задоволството од одличниот настап.
„Не размислувам посебно на хет-трик, се трудам да работам и да помогнам на тимот, нормално е задоволство да се постигнат три гола“, истакна Миовски.
Истакна Миовски и дека куп натпреварите знаат да бидат незгодни потсетувајќи на поразот на Реал Мадрид од второлигашот Албасете.
„Ваквите натпревари знаат да бидат незгодни. Видовме што му се случи на Реал Мадрид и како испадна од Купот на Шпанија. Сакавме да бидеме офанзивни од самиот старт и да постигнеме брз гол, тогаш работите одат многу полесно“, изјави Миовски.