Јаховиќ продолжува да стрела за своjот тим!

Екипата на Малатијаспор е близу до трета победа во домашното првенство, која предводена од македонскиот фудбалер Адис Јаховиќ води со 2-0 на полувреме против Денизлиспор, во рамки на 7. коло  турската прва лига.

Напаѓчот го постигна четвртиот гол сезонава и прв на овој дуел, откако беше прецизен од белата точка во 28. минута. Чест минути подоцна на 2-0 зголеми Доланл за убедливо водство по првото полувреме.

Инаку, Јаховиќ имаше мал пост кога е во прашање ефикасноста, отккао не успеа да погоди против Анталија и Галатасарај, а претходно ја затресе мрежата и на Анкарагучи и Аланијаспор.