Ветено-сторено: Актерката од Неапол излезе угул гола да го слави „скудетото“ на Наполи (ВИДЕО)

Италијанска актерка и танчерка, Паула Саулино вети дека ќе шета гола по улиците на Неапол ако Наполи стане првак на Италија и откако наполитанците со Елиф Елмас во тимот дојдоа до првото „скудето“ по 33 години, бујната наполитанка ветеното го оствари.

Наполи денеска го игра последниот меч кога официјално со пехарот ќе се круниса за шампион, па Саулино излезе гола, исцртана од глава до пети во боите на Наполи и знамето на Италиа, со логото на клубот нацртано на своето тело.