Стрела само против гиганти, а прославува со – среден прст! (ВИДЕО)

Во новиот тежок пораз на Челси, нивната игра почна да се распаѓа во 42 минута кога капетанот на Вотфорд, Трој Дини погоди од пенал, а интересно е тоа што  тој оваа сезона постигна три голови ѝ тоа сите од пенал против гигантите Челси, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

И ова не би било ништо невообичаено доколку Дини не ги прославува некои од головите со – среден прст.

По неговата најнова таква прослава, не му бега казна од фудбалската асоцијација на Англија (ФА), а ова не е прв пат да го привлече вниманието на себе, откако по победата на Вотфорд против Арсенал даде интересна изјава.

„Мислам дека причината за поразот, која Венгер ја бара е – премалку м*да“, без влакна на јазикот кажа Англичанецот.