Српски актер пееше химна на Ливерпул среде „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ, кој е деклариран навивач на белградски Партизан вчеравечер ги бодреше црно-белите на култниот „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, ама контроверзниот глумец направи вистински циркус на стадионот.

Во домот на „црвените ѓаволи“, Трифуновиќ на цел глас ја грмеше навивачката химна на најлутиот ривал на Јунајтед, Ливерпул, популарната „никогаш нема да си сам“. И вакво нешто не е неочекувано за глумецот, кој во последно време влезе во политичките води, па е еден од највоинствените во битката за уривање на власта предводена од актуелниот претседател Александар Вучиќ, инаку голем навивач на Црвена Звезда и постојано посочуван како човек што ја форсира доминацијата на црвено-белите откако е на власт.