Србите истераа швајцарски „навивачи“ кои носеа кече! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија вечерва од 20 часот игра важен натпревар против Швајцарија кој мора да го добие ако сака место во осминафинале на Светското првенство (СП), а пред почетокот се случи мал инцидент на трибините.

Србите се налутија кога забележаа швајцарски „навивачи“ кои носеа кече, па решија да ги истераат од трибините, а поголем инцидент спречи полицијата која реагираше веднаш и ги отстрани од местото на кое беа сместени.

И пред самиот меч се појавија тројца навивачи со кечиња, а притоа во нивна придружба имаше полиција. Видеото може да се погледне ТУКА.