Спасени кучиња кои требале да бидат зготвени за време на ЗОИ!

Дури 90 кучиња биле спасени од фарма, која се наоѓа блиску од Зимското олимписко село во Јужна Кореја. Несреќните кучиња биле чувани во мали кафези на ладно, а требало да бидат зготвени и продавани во локални ресторани.

Членовите на друштвото „Меѓународно хумано општество“ сепак успеале да ги убедат сопствениците да се откажат од овој бизнис.

Оваа организација досега спасила над 1300 кучиња, но и понатаму се бори да се тргне кучешкото месо од менито во таа земја.

 

 

„Постојат два ипол милиони кучиња, кои страдаат еднакво како овие тука кои ги спасивме. Тие зависат од нас. Додека цел свет гледа во атлетичарите во Пјонгчанг, немој да заборавите дека во нивна непосредба близина кучињата се заработени и секој ден може да им биде последен. Тие ги држат кучињата во катастрофални услови. Грубоста не може да се опише како дел од културата, а многу млади луѓе овде не сакаат ниту да допрат кучешко месо“, вели Хигинс од оваа организација.

Спасените кучиња ќе бидат испратени во САД, Англија и Канада, каде што ќе им се пронајде топол дом.