Парите некогаш не значат ништо: Полицијата исфрли пијан рагбист од автомобил (ВИДЕО)

Понекогаш парите не значат ништо, а тоа најдобро го почуствува поранешниот освојувач на Суперболот, Маршон Линч кој беше уапсен од страна на полицијата.

Линч бил приведен во Лас Вегас затоа што возел под дејство на алкохол, а за време на акцијата рагбистот ги исмејуваше полицајците.

„Сврти се, рацете зад грб. Нема повеќе игри за денеска“, му кажа полицаецот кој му стави лисици на Линч.