Нова снимка од тепачката меѓу „Делии“ и „Гробари“ во Белград (ВИДЕО)

„Делии“ и „Гробари“ се степаа по мечот меѓу Партизан и Војводина во полуфиналето на српскиот Куп, по што полицијата уапси неколку лица, а дел од навивачите завршија во болница поради повреди.

Навивачите на Црвена Звезда со маски ги начекале фановите на Партизан, кои се враќале од мечот со Војводина, по што се случила бруталната тепачка во која се користеле камња, каиши, палки и останати предмети.