Невидено: Јагелонија слави век постоење, навивачите го запалија градот – буквално! (ВИДЕО)

Полска Јагелонија, каде треба да дојде макеоднскиот репрезентативен голман Дејан Илиев на шестмесечен заем од Арсенал за пролетниот дел од сезоната годинава слави еден век постоење. Клубот е формиран во 1920 година и годинава одбележува 100-годишнина, а навивачите на клубот го одбележаа -фасцинантно.

Одамна полските навивачи се познати како ултраси кои знаат да направат спектакл од кој застанува здивот. Но, ова што го напрвија низ градот не се ни опушува. Видеото трае 110 минути и е вистинско уживање. Само треба да се почувствува страста кон својот клуб и лудилото што навивачите го приредија.

Запалија илјадници факли, а почнаа од годината на формирање – 1920. И потоа по улиците гореше – буквално сè.