Навивачите на Ајакс на мечот за 36. титула поставија рекорд во – пиење пиво!

Екипата на Ајакс завчера со победата над Херенвен (5-0) на едно коло пред крајот на првенството ја прослави 36. титула во клупската историја, што беше доволен мотив за навивачите на овој тим на „Амстердам арена“ да испијат рекордна количина на – пиво.

Тоа беше проштален меч за тренерот Ерик Тен Хаг пред домашните навивачи, со оглед што следната сезона ќе го предводи Манчестер Јунајтед, што беше доволна причина за наздравување. Според локалните медиуми, навивачите на Ајакс на трибините испиле 65.000 големи чаши пиво, со што го урнаа претходниот рекорд поставен во триумфот над Борусија Дортмунд (4-0) во 2019 година.

За време на мечот, четири „цистерни“ со пиво беа паркирани пред стадионот со вкупен капацитет од 40.000 литри, додека во резерва имало уште 30.000 литри со цел ниту еден од 55.000 присутни навивачи да не си замине жеден.