Олимписките игри во Пјонгчанг разочараа по бројот на посетители на терените. Публиката не ужива во магијата на зимските спортови туку моменти на забава се обидува да најде на други, многу поинтересни места.

Една од омилените туристички дестинации на Јужнокорејците е таканаречениот „Парк на пенисот. Тоа е парк преполн со статуи во вид на пенис во ерекција и изграден е во спомен на младо девојче чиј љубовник тргнал да лови риби во близина, но никогаш не се вратил.

Таа долго го чекала на брегот. Потоа настанала голема бура во која и девојката го загубила животот, но нејзиниот дух продолжил да лута на брегот и ги избркал сите риби.

Бизарниот парк привлекува големо внимание и туристи кои дојдоа на Олимписките игри. Овој парк им е многу поинтересен од случувањата на спортските борилишта и е забележан голем број посети во овој парк.