Беше најмлад дебитант за Македонија, па облече маица со натпис „Куманово е Албанија“ (ФОТО)
Но, како обично бива, очекувањата се распрснаа како меур од сапуница. Ниту од Сулејманов бидна нешто крупно, ФФМ и тогашниот нејзин избраник Бошко Ѓуровски по којзнае кој пат се излетаа со своите оптимистички прогнози, па каменот долета синоќа, токму од нивниот тогашен миленик.
Таулант, кој во меѓувреме се „освестил“, го сменил презимето во Сефери и решил да игра за младата селекција на Албанија, по мечот со Белорусија, од ништо предизвикан во соблекувалната покажа дека под дресот носле маичка на која пишува „Куманово е Албанија“.
Не ни очекуваме од „умните глави“ во ФФМ некаква реакција за ова, среќа што во меѓувреме Дарко Чурлинов од Келн го „урна“ рекордот дебитирајќи на дуелот со Белорусија со 16 години и осум месеци. Па нема да биде запишано дека рекордерот имал националистички претензии...