Наинголан објави епско видео на социјалните мрежи (ВИДЕО)

Одличниот фудбалер на Белгија, Раџа Наинголан, не доби повик од селекторот Роберто Мартинез и очигледно уште не може да го прифати тоа.

Наинголан е лут, зашто не е со своите сонародници во Русија на Светското првенство, па одлучи на интересен начин повторно да го привлече вниманието.

Белгиецот пред огледало ја изведуваше химната и притоа се снимил, па видеото го објави на социјалните мрежи и доби многу коментари.

Некои од нив се воодушевени од неговата смисла за хумор, а другите сметаат дека би требало да го заборави националниот тим и да престане со провокации.