Лацио ги фати тројцата нацисти на трибина и им стави – доживотна забрана!

Римски Лацио, чии навивачи не кријат дека се следбеници на фашизмот и диктаторот Бенито Мусолини, ги фати тројцата нацисти кои на градското дерби со Рома поради пропагирање на нацизмот и величање на Адолф Хитлер.

Лацио преку безбедносните камери ги идентификувала навивачите и интересно, ниту еден од нив не е Италијанец. Станува збор за еден Германец и двајца Романци, кои поради дискриминација, антисемитизам и величање на нацизмот добија доживотни суспензии и нема да може да припарат на стадион на мечевите на Лацио.

Првиот идентификуван е Германецот кој го носел скандалозниот дрес Хитлерсон со број 88 (симбол на повикот Хајл Хитлер), а овој навивач на Лацио имал и досие за навивачки инцидент на дерби со Рома во 2009 година.

Другите двајца кои полицијата и клубот ги идентификувале биле Романци, а во текот на мечот нацистички отпоздравувале.

Лацио е под истрага на обвинителството и за антисемитска песна за време на дербито, после поплаки на еврејската заедница во Италија, а дисциплинската комисија допрва ќе решава за казната. Римскиот клуб веќе еднаш беше казнет со затворање на северната трибина каде се највоинствените ултраси на клубот, поради расистички испади кон црномурестите фудбалери кои го носеа дресот на „орлите“.