Култната скопска фотка на Фелаини е дело на македонски фотограф

Сцената е од синоќешниот Суперкуп, за неа пишувавме и синоќа ние, а како секој голем џентлмен, така и Маруан Фелаини на објави на својот Инстаграм профил и им се заблагодари на сите „што ја постирале и му ја пратиле фотката“.

Борис Грданоски, македонскиот фотограф кој работи за агенцијата „Асошиејтед Прес“ е творецот на легендарната и култна фотографија од „смачканата“ фаца на Белгиецот со мароканско потекло. Грданоски го фати моментот, овековечи еден дуел со фотографија, која веројатно ќе се врти во наредните неколку години каде и да се спомне Фелаини во смешен контекст. 

Барем фудбалерот на Јунајтед по нешто убаво ќе го памети Скопје, кога веќе Реал Мадрид им одржа вистинска лекција на теренот на Арената.

Борис Грдановски