Комити ќе донираат маски со логото на навивачката група! (ФОТО)

Во борбата со коронавирусот секој се вклучува колку знае и може, а не останаа неми ни навивачите на Вардар. Популарните Комити, најавија дека ќе донираат 700 заштитни маски.

Маските се очекува да бидат готови в сабота, 200 од нив ќе бидат со логото на Вардар, а 500 ќе бидат бели, неутрални, што значи наменети се за сите, не само за припадниците на навивачката група. Комити сами ќе ја финансираат оваа акција, со што активно ќе помогнат во заштита на своите сограѓани и во спречувањето на дополнително ширење на заразната болест, која го парализира, речиси цел свет.