Голман во Грција бизарно се повредил – се изгорел додека си правел скара

Австрискиот голман Кристофер Кнет, чувар на мрежата на грчки Панателикос конкурира годинава за награда – најбизарна повреда!

Кнет вчера требало да брани за својот тим против гигантот Панатенаикос, ама сите биле збунети зошто го нема во протоколот за мечот, ниту како резерва.

Прво помислиле дека станува збор за повреда во последен час, ама грчките медиуми ја откриле причината, имал незгода во кујната. Австриецот си правел скара за ручек, ама очигледно бил несмасен, па си ја изгорел раката и во последен час испаднал од мечот со атински ПАО.

„Ќе бидам во ред за следниот меч. Овој мораше да го прескокнам. Се случуваат и вакви работи“, рекол Кристофер.

Кога го прашале новинарите, дали барем си ги испекол стековите на крај, прокоментира:

„Мојата сопруга ја заврши таа работа“.

Меѓу најбизарните повреди, убедлив е Сантјаго Кањизарес, кој пред СП 2002 се повреди во бањата откако шише со парфем му паднало и се скршило, а тој ја повредил тетивата на ногата.