Гаф на векот во Аргентина: Навивачите се „крстат“ како би се играл фудбал после Ковид-19 (ВИДЕО)

Ковид-19 ги прекина сите спортски активности, нормално и фудбалот, а во Аргентина најважната споредна работа понекогаш значи и повеќе од живот. И веќе нема фудбалски фанатик, а такви во јужноамериканската земја ги има на купишта, едвај чекаат да помине пандемијата за да може да се вратат на стадионите.

И додека светот се бори со коронавирусот, Аргентинците гледаат телевизија со цел да слушнат кога ќе заврши кризата и кога ќе може да се вратат на стадионите. А, преку телевизијата, добија една шокантна вест пласирана од новинарка, по која практично „се крстеа на глупоста“.

Дали некој ѝ подметна лажно инфо на новинарката или таа нашла нерелевантен извор, ама читајќи од телефонот, за да соопшти „голема“ вест, обелоденила дека наскоро фудбал ќе може да се игра, но под нови правила – без аути, без слободни удари и без корнери. Нормално и без гледачи.

Сето тоа било како превензија за да немало „големо групирање и блиски контакти меѓу фудбалерите“. На гафот на векот, Аргентинците прво беа шокирани, па се „крстеа на глупоста“, за на крај новинарката да ја – уништат од сеирење за нејзинот (не)познавање на најважната работа во земјата на двојните светски прваци, на Диего Армандо Марадона, Лионел Меси...