Утринава, среде работна недела, на изненадување на сите фудбалски работници, беше ставен клуч на вратата на зградата на Фудбалската федерација на Македонија, која се наоѓа во скопската населба Ново Лисиче.

Од нигде никаде, зградата која важи за центар на македонскиот фудбал остана заклучена, а паркингот празен. Вработените добиле наредба по електронска пошта денеска и утре да не доаѓаат на работа.

Никој не се јавува на телефон за да објасни за оваа ситуација, особено што за четири дена, в недела, ќе биде организирано Изборното Собрание на ФФМ во Охрид, на кое треба да се избере наследник на Илчо Ѓорѓиоски. Единствен кандидат е досегашниот потпретседател Муамед Сејдини.

Утринава објавивме дека изборите в недела ќе бидат нерегуларни поради тоа што Комисијата која ги верификува мандатите на делегатите и кандаидатите за претседател е со истечен мандат во 2017 година.