Чуден е животот: Беше најдобра спортистка на Холандија, а сега е – порно ѕвезда (ВИДЕО)

Во време кога нема спорт поради пандемијата со коронавирусот, вниманието на спортската јавност се фокусира на необични приказни, меѓу кои дефинитивно е и таа на холандската гимнастичарка Верона ван де Лур, која од најдобра спортистка на Холандија стана ѕвезда во порно-индустријата.

Холанѓанката зад себе има освоено бројни медали, меѓу кои се златниот на Светскиот Куп во гимнастика во Штутгарт во 2002 година и тоа на партер, а носител е и на четири сребрени медали на Европските првенства, како и еден на Светско првенство во Дебрецен, исто така во 2002 година. Истата година беше избрана за најдобра спортистка на својата земја и тоа на само 17-годишна возраст.

 

 

Нејзиниот живот по завршување на кариерата бил ужасен, особено откако дознала дека татко ѝ ги потрошил сите пари од спонзорите на коцка. Неколку години со семејството живеела во автомобил, хранејќи се по продавници. Денеска, 32-годишната е голема порно-ѕвезда, откако во индустријата прво влезе како модел на веб-камера, а потоа почна да снима и видеа за возрасни и со нив да заработува на Интернет.

Нејзината популарност почнала да расте сѐ повеќе, пред сѐ поради нејзината еластичност благодарение на гимнастиката.