Брутална тепачка меѓу универзитети: Летаа боксови, столчиња... (ВИДЕО)

Неверојатна сцена беше забележана на меч меѓу универзитетите одКанзас, откако неколку секунди пред крајот се случи масовна тепачка.

ДеЖуан Гордон се обиде да постигне поени, иако беше решен мечот, зашто Канзас Џејхокс водеа со 81:59, но го блокираше Силвио де Соуза.

Покрај блокадата Гордон беше испратен во првиот ред од трибините, а потоа го провоцираа додека лежи на паркетот, по што почна хаосот на мечот.