Фудбалер на ЦСКА играл допингуван против Македонија ЃП!
Бугарската екипа соопшти дека добила писмо од Светската анти-допинг агенција (ВАДА) пред двомечот со Базел во плејофот во кое било наведено дека Јомов има позитивен тест на допинг.
„На 25 август пред мечот со Базел добивме писмо од ВАДА за откривање на забранета супстанција во телото на Георги Јомов. Примерокот од урина кој бил земен на 28 јули по средбата со Македонија Ѓорче Петров бил позитивен. Се чека целосна истрага за да се расчисти случајот. Во меѓувреме, Ѓорѓи има рок до 1 септември да го каже својот став, а привремено му се суспендирани правата на 90 дена. Сите витамини кои ги добиваат фудбалерите во тимот се од светски сертифицирани брендови и медицински одобрени. Земање на други супстанци надвор од програмата на клубот е строго забрането“, соопшти ЦСКА Софија.