„Амбициозната“ Брегалница договори шест теста и од нив само една со – странски клуб!
Штипјани од вторник до крајот на јули ќе одиграат шест меча, а последниот ќе им биде во Струмица против второлигашот Беласица, на стогодишниот роденден на струмичката гордост, што воедно ќе биде и генералка пред стартот на сезоната.
Брегалница ќе има само еден интернационален тест и тоа со српски нисколигаш, Трајал од Крушевац, додека останатите пет им се со македонски тимови. Почнуваат со тест против Победа, па со Работнички, а ќе играат уште и со Академија Пандев и Кожув, а финалната контролка им е со Беласица.
ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ
5 јули: БРЕГАЛНИЦА - Победа Прилеп
9 јули: Работнички - БРЕГАЛНИЦА
14 јули: БРЕГАЛНИЦА - Трајал Крушевац (Србија)
23 јули: БРЕГАЛНИЦА - Академија Пандев
27 јули: Кожуф - БРЕГАЛНИЦА
31 јули: Беласица - БРЕГАЛНИЦА