„Внимавајте, навивачите на Вардар се луди!“

Данскиот весник Екстрабладет им порача на навивачите на Копенхаген, кој ќе биде противник на Вардар во третото коло во Лигата на шампионите, да внимаваат со навивачите на македонскиот првак Вардар, Комитите, затоа што се – луди.

Данските медиуми се тресат од вардаровите навивачи, посебно по неколкуте ситни инциденти што вчера се случија на стадионот „Младост“ во Струмица во дуелот на црвено-црните со Малме (3-1). Фрлените факли, неколку топовски удари и двата инциденти на трибините ги исплашија Данците.

Копенхаген денеска го игра реванот од второто коло со Жилина, меч кој треба да биде само формалност по триумфот на гости со 3-1.