Каде ќе игра Вардар во 3. коло? „Арената“ затворена, а Струмица не исполнува услови!
Во момент кога Националната Арена „Филип Втори“ е затворена, поради претстојниот Суперкуп на УЕФА и мегаспекталкот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, стадионот „Младост“ во Струмица е единствената локација каде можеше да се играат европски мечеви. Но, со пласманот на Вардар во третото коло, според пропозициите на УЕФА за Лигата на шампионите, на овој стадион не може да се игра меч од третата рунда.
Во правилникот за Лига на шампиони, стои дека од третото квалификациско коло во елитното натпреварување, домаќин на мечеви може да биде стадион со категорија 3, а струмичкиот фудбалски стадион е едвај ставен во категорија 2 и тоа затоа што УЕФА прогледала низ прсти поради затоворањето на нашиот најголем стадион. Поради ова сега се поставува прашањето каде Вардар ќе го игра реваншот од третото коло, ако Струмица не исполнува условите, особено што европската централа го одби барањето на црвено-црните дуелот со Малме да се игра во Јагодина, во соседна Србија.
Претставници на УЕФА вчера присуствуваа на мечот и ги увидоа сите недостатоски на струмичкиот стадион, особено по неколкуте инциденти на трибините.
Според критериумите на УЕФА за категоризација на стадиони, стадоион од трета категорија треба да има 1200 лукса осветлување за фиксни камери и 800 лукса за мобилни камери, најмалку 100 паркинг места, 250 места за ВИП, 50 ВИП-места за гости, 100 метри квадратни за новинари, 50 места за новинари од кои 25 со масички, 5 коментаторски позиции, две студија... Сето ова го нема на струмичкиот стадион, за кои Швеѓаните беа шокирани на доаѓањето пред реваншот.
Поради оваа ситуација, сега се поставува пршањето дали УЕФА ќе дозволи да се игра дуелот на Вардар најверојатно со Копенхаген во Скопје на една недела пред Суперкупот? Или пак овојпат ќе ги присили црвено-црните да играат надвор од Македонија, иако претходно не го уважија нивното барање? Во правилникот за ЛШ, стои дека УЕФА може да дозволи настап на некој клуб на територија на друга национална асоцијација членка на УЕФА. Дуелите од 3. коло се играат на 25 или 26 јули, кога ќе гостува Вардар, а реваншот е предвиден за 1 или 2 август.
По дуелот во третото коло, Вардар за следното ќе се врати на својот матичен стадион, затоа што плејоф рундите, без разлика каде ќе игра за ЛШ или Лига Европа во зависност од исходото од двомечот во претстојното коло се играат во втората половина од август.
Никола Богојевски