Легендарниот Украинец, Тимошчук е руски шпион – агент на ФСБ?! (ФОТО)

Легендарниот украински репрезентативец и долгогодишен капитен Анатолиј Тимошчук (42) е најнепожелната личност во Украина после руската агресија, зашто остана во Зенит од Санкт Петербург, па нема Украинец кој жестоко не го навреди, посакувајќи му ги најлошите работи во животот.

Украинците во Тимошчук, фудбалерот со најмногу настапи во историјата на украинската репрезентација (144) е прогласен за предавник, веќе сите рекорди и значајни остварувања се бришат, како да не постои, а многумина се прашуваат со што Русите го „врзале“ за тој да остане верен, кога му е нападната татковината.

Одговорот го има новинарот, Константин Андријук, кој обелодени фотографии во кои Тимошчук е всушност руски шпион, односно врбуван од Федералната служба за безбедност (ФСБ), бившо КГБ. Украинецот пред неколку години потпишал заклетва дека со смрт ќе биде верен на Русија.

„Јас, Анатолиј Тимошчук се заколнувам на верност кон Русија и се колнам дека ќе го почитувам уставот и законите. Се колнам на верност кон ФСБ и дека ќе ги извршувам наредбите на надредените, дека ќе ги чувам државните тајни и тајните на службата. Спремен сум да го дадам животот за Русија“, е заклетвата која Украинецот ја потпишал

Тимошчук кариерата ја почна во Волин од Луцк, па играше за Шахтер и потоа замина во Зенит од каде направи трансфер во Баерн Минхен, а во 2013 година повторно се врати во Зенит. Кариерата ја заврши во Каират во 2016 година, а потоа почна тренерска кариера во гигантот од Санкт Петербург.