Атанасов останува во Хајдук до лето 2023 година!
Атанасов во Сплит дојде ланското лето како слободен играч откако ја раскина соработката со Бурсаспор и досега има 47 настапи за „билите“ со четири гола и две асистенции, но есеноска играше извонредно и беше првотимец на сплиќаните.
„Многу сум среќен што го продолжив договорот со Хајдук и што и во следниот период ќе бидам дел од овој проект. Од првиот ден во Сплит се чувствувам прекрасно и голема чест е да се носи дредот на овој голем клуб со извонредните навивачи. Чувствувам голема одговорност и предизвик да возвратам на оваа доверба до добри настапи и пред сѐ со успеси на тимот“, рече Атанасов.
Спортскиот директор на Хајдук, Миндаугас Николичиус посочи дека продолжувањето на договорот со Атанасов е логичен развој на настаните, зашто без оглед на успоните и падовите, очигледен е напредокот на македонскиот репрезентативец од средниот ред.
„Јани преку скаутингот е донесен во нашиот клуб како слободен играч, досега има 47 настапи во кои имаше и успони и падови, што се својствени за младите фудбалери. Јас морам да напоменам дека има и тоа како квалитет за Хајдук, постигна сериозен напредок во многу сегменти на фудбалската игра и јасно е дека созрева како личност во карактерна смисла. Оваа ооција за продолжување на договорот е логична, зашто станува збор за млад фудбалер“, рече Николичиус.