Пресврт: Доријан Бабунски наместо во Рапид Виена, кај брат му Давид во Дебрецин
Бабунски синоќа скоро да беше промовиран како нов член на Рапид Виена за месечна плата од 20.000 евра, десетпати повеќе од тоа што го заработуваше во Враца, но во последен момент Дебрецин го „краде“ македонскиот голгетер и склопи братски тандем во својот тим.
Доријан потпишал две ипол годишен договор со Дебрецин, каде од лани член на овој клуб е Давид и сега првпат во кариерата двајцата браќа ќе играат заедно во еден клуб и досега постојано беа на различни страни почнувајќи од Шпанија, како членови на младинските категории на двата најголеми клубови Реал Мадрид односно Барселона.
Доријан во Враца дојде пред една година после тригодишна авантура во Јапонија и есенва блескаше со 10 гола на 18 меча во бугарската ЕФБЕТ-лига.
#OFICIAL🇭🇺
— Fútbol Búlgaro 🇧🇬 (@futbolbulgaro) January 16, 2022
Dorian Babunski 🇲🇰 pone destino al campeonato húngaro.
Se habla del Debreceni🇭🇺, donde se encuentra su hermano David Babunski🇲🇰.
El club húngaro activo la cláusula de rescisión y pagarán 100.000€ al Botev Vratsa por sus derechos.
Buena suerte, Dorian🍀💪 pic.twitter.com/VXiEsyrjD2