Премиерот на Австралија објасни зошто сака да го депортира Ѓоковиќ

Премиерот на Австралија, Скот Морисон се јави по повод новата одлука поврзана со Новак Ѓоковиќ, кој остана без виза поради министерот Алекс Хок.

Хок го искористи своето право да ја укине визата на српскиот тенисер, иако Федералниот суд донесе поинаква одлука пред неколку дена.

„По детално разгледување на ситуацијата, можам да заклучам дека министерот ја укина визата поради здравјето и доброто на граѓаните, односно јавниот интерес. Пандемијата беше тешка за секој од нас, но успеавме да издржиме и да спасиме многу животи. Луѓето во Австралија поднесоа голема жртва во текот на пандемијата и со право очекуваат резултатите да бидат заштитени. Тоа е нешто што направи министерот. Поради истрагата која е во тек повеќе нема да давам изјави“, кажа Морисон.